На 10 јуни (сабота), со почеток од 17 часот, во хотел „Јуник” во Охрид ќе се одржи трибина „Охрид – Град на светско природно и културно наследство или град на дивоградби”. Организатор на трибината е охридскиот огранок на политичката партија Левица.
За алтернативни решенија за заштита и развој на туристичкиот бисер Охрид, како и заштитата на непроценливото културно и природно наследство на трибината ќе говорат:
1. Проф. д-р Трајче Талевски – претседател на Советот на ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид и член на иницијативата „Охрид СОС”.
2. Проф. д-р Панче Велков – визитинг-професор по стандарди за заштита на културното наследство при Академијата на Институтот за ликовни уметности од Чикаго. Основач на невладината организација „Македонида”, чија цел е промоција и заштита на културното наследство.
3. М-р Андреа Јанков – магистер инженер архитект и претседател на организацијата „Го сакам Водно”.