Младински Центар Охрид во соработка со Здружението на ветерани од одбраната и безбедност Охрид, организира трибина повод денот на АРМ -18ти Август.
Трибината ќе се одржи на 17 август 2023 година, од 18:00 часот во Младински Центар Охрид (Conference room).
Присутни ќе бидат дел од ветераните на АРМ, млади лица и претставници од институциите.
На трибината ќе говорат Генерал Филип Котели ( Формирање на АРМ), Пол. Павле Момировски- Формирање на шестата пешадиска бригада Охрид, Пор. Наумче Милошески – Обезбедување на државната граница ( преземање на караулата и формирање гранични единици), Пол. Кемо Ѓозо – Интегрирање на припадниците на ЈНА во АРМ, Пол. Добре Вељаноски – Формирање на првата единица во Касарна Охрид.
Во програмата за настанот предвидена е посета на Спомен собата на Шестата Македонска Народноослободителна бригада.
Предвидена е проекција на видео запис од Формирањето на АРМ – Првата заклетва на војниици во Касарната Михајло Апостолски во Охрид, по што ќе следува дискусија и коктел.