Со трибина „Светите Кирил и Методиј стожерот на нашето постоење“ на брегот на Охридското Езеро се одбележа Денот на сесловенските просветители
Браќата Кирил и Методиј пред еден милениум покажаа дека нема инфериорни култури и народи, дека нема нееднакви пред божјото слово и божјата правда, дека секоја неправда може да се порази со силната волја и посветеност, работа и труд. Нивниот аманет кој го оставиле е голем, исто како што е големо и нивното име, истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски на трибината во калишкиот манастир.
Тие се денес европски светители и заштитници и секој може да го слави нивното дело, но факт е дека пред повеќе од 1100 години нивните мисионерски чекори почнале од македонската земја, додаде Мицковски.
„ И токму од македонската земја го земаат сето свое јазично, културно и идентитетско семе и го шират низ целиот словенски свет. И ако не беше нивната духовна сила, и школа немаше да биде ниту Св. Климент и Св. Наум, кои се најсилната греда врз која се потпира и нашата света православна црква, но и нашата писменост. Затоа Св. Кирил и Методиј се стожерот на нашето постоење“, истакна Мицковски.
Делото на Кирил и Методиј од пред 11 века е цивилизациска придобивка на која се сеќаваме со грдост, треба да ја зачувување на нашата историја и така да го добиеме заслуженото место во ЕУ, истакна научната фела.
„Се обиделе на автентичен начин да го пренесат боѓјото слово необидувајки се на никого да влијаат врз нечија култруа врз нечиј идентите јазик туку на автентичен начин да пренесат создавајки писми“, изјави Ѓоко Ѓорѓевски, редовен професор на Православниот Богословски факултет Св. Климент Охридски.
„Тоа е апсурдот на политиката и мешањето на политика во историјата токму пораката тука ја гледам на кирил и Методиј таа рамноправност на словенските народи вклучитлено и македонскиот кој што заслужува да го добие своето место во Европската Унија“, истакна Митко Панов, редовен професор на Институтот за национална историја при УКИМ.
И во Охрид, лулката на словенската писменост со низа свечености се одбележа Денот на сесловенските просветители. Делегации, амбасадори конзули се поклонија пред апостолите кои го описменија словенскиот род.
Првите апостоли на Словените, ни го оставија најдрагоцениот подарок, а тоа е нашата писменост и културниот идентитет, истакна градоначалникот Пецаков.
„Како една нова генерација, која се соочува со бројни актуелни промени и идентитетски предизвици, од особена важност е да го чуваме и славиме делото на Свети Кирил и Методиј и да ја почитуваме нивната света мисија. Тие ни покажаа дека образованието и културниот развој се основата на секое општество и дека преку знаењето и мудроста можеме да изградиме подобра иднина за сите нас. Нека Светите браќа продолжат да бидат наша инспирација во сите понатамошни чекори на патот кон подобра иднина.“ – кажа Пецаков.
Чествувањата завршуваат вечерва во катедраланата Света Софија, каде ќе има беседа, концерт на учениците од ОМУ и проекција на докуменатрниот филм Кодот на Македонија.
Новинар Соња Рилковска