Триесетина охриѓани ќе добијат субвенции за ПВЦ прозори
Триесетина охриѓани ќе добијат субвенции за ПВЦ прозори. На листата граѓани од цела Македонија се 1100 баратели. Граѓаните во наредниот период може да очекуваат на нивните сметки да се префрлат по 500 евра државни субвенции. Субвенциите се доделени во согласност со принципот „прв дојден, прв услужен“.
Министерството за економија ја објави листата на граѓани кои ќе добијат субвенциија за пвц прозори. Меѓу 1100 баратели од цела Македонија има само триесетина охриѓани. Ресорното министерство ќе исплати субвенции во висина од речиси 500.000 евра на граѓаните што вградиле нови алуминиумски и ПВЦ прозорци во нивните домови. Граѓаните во наредниот период може да очекуваат на нивните сметки да се префрлат по 500 евра државни субвенции. Министерството со воведување на овој проект ги поттикнува граѓаните да инвестираат во енергетската ефикасност на нивните објекти. Вградените пвц прозорци во домовите ја намалуваат потрошувачката на енергија во зимските месеци.
Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ и алуминиумски прозорци беше распишан кон крајот на јануари годинава. Субвенциите се доделени во согласност со принципот „прв дојден, прв услужен“. Министерството за економија на граѓаните им надомести до 50% од вкупните трошоци за вградување на новите прозорци. Ваквите субвенции за граѓаните се доделуваат за прв пат од страна на државата.