Тринаесет нови позитивни случаи и едно починато лице од Ковид 19
Градот две недели се соочува со неповолна состојба со вирусот. Од ЦЈЗ очекуваат и понатака бројот на позитивни лица да расте. Апелираат до граѓаните на разумно почитување на мерките за да не се случи крах на здравствениот систем.
Денешната епидемиолошка состојба во Охрид е повторно лоша со 13 ново потврдени случаи на Ковид 19 и едно починато лице. Така, Охрид денес достигна бројка од 92 активни случаи, а од ЦЈЗ очекуваат бројот да расте. Две недели Охрид се соочуваае со неповолна состојба со Ковид 19 и зголемен број на позитивни лица и тестирања упатени од матичен лекар и епидемилог. Се чекаат да пристигнат резулататите од тестираните лица од минатата недела, вели Сашо Точков , кој при тоа кажува дека се соочуваат со одредени проблеми.
„Не е срамота да сте заразени од ковид срамно е да ги лажете матичните лекари за симптомите. Да не се почитуваат мерките и препораките и да се кажува вистината за да се избориме со неповолната епидемиолошка состојба“.
Точков посочува дека бројката е заради неодговорноста на поединци кои не ги почитувале мерките. Сега има случаи каде што секојдневно лица кои не ги почитувале мерките, а дознале дека нивен близок е потивен на ковид 19, бараат во паника да се тестираат за да го видат нивниот статус. За можните жаришта на новозаразените лица Точков вели дека не може со точност да се поврзат со продолжениот викенд, се е можно доколку не се почитувале мерките за заштита, но не може да се следат од каде се заразиле.
„За кластери не може да зборуваме. За кластерот од семејната веселба се исцрпија сите контакти на лица кои се позитвни. Последнат недела во Охрид и Струга имаме поединечни случаи каде што тие или нивните блиски не ги почитувале мерките и се заразиле. Има дел од неколку конфекциите кои не работат се затворени , но има дел од нив позитивни лица. Ние ги затворивме за да не се прошири заразата“.
Во летната сезона кога има поголема раздвиженост на луѓе, се очекува и поголем број на заболени. Ако дел од луѓето продолжат да бидат неодговорни и несовесни очекуваме бројот да се зглемува. Точков апелира на разумно и совесно однесување да се почитуваат мерките за да не дојдеме до ситуација здравствените работници да не може да се грижат за здравјето на луѓето. Вирусот не се пренесува сам, го шират луѓето ако сме одговорни и совесни нема да се шири, укажува Сашо Точков, директор на Центарот за јавно здравје.