Skip to main content

Охридско лето

Трио Супниевски вечерва на Охридско лето

Вечерва љубителите на делата на Бетовен, Дохњани и Кодај, во 21 часот во црквата Св. Софија, ќе уживаат во изведбите на триото Супниевски.
 |  Голабовски Крсте  | 
Трио Супниевски

Вечерва љубителите на класичната музика и делата на Бетовен, Дохњани и Кодај, во 21 часот во црквата Св. Софија, ќе може да уживаат во изведбите на триото Супниевски.

Триото „Супниевски“ основано во 2016 година го сочинуваат три сестри, Каролине Супниевски – виолончело, Магдалена Супниевски – виолина, Ана Супниевски – виолина, растени во семејство со полско потекло во кое музиката имала централно место.

Свират заедно од многу рана возраст. Студирале со реномирани музичари како Франоа Салк на Францускиот конзерваториум, квартетите „Модиљани“ и „Диотима“, со Кристоф Чорзелски и Гунтер Пихлер како дел од мајсторските курсеви Про-квартет. Избрани се да учествуваат во Академијата „Равел“ во Сан Жан де Луз каде освојуваат повеќе награди.

Трио Супниевски

По нивниот концерт во Капелата на Езуитите во Каркасон, нивните настапи ги носат на повеќето значајни француски фестивали меѓу кои Фестивалот „Дебиси“, Музика во Версај и многу други.

Целта на триото е да го популаризира репертоарот наменет за ваков состав како што се Дивертиментото од Моцарт и Бетовеновите триа, истовремено посветувајќи им должно внимание и на помалку познатите композитори кои твореле за ваков состав како Донањи и Франса. Младиот композитор Рафаел Север им го посветува делото „Партита“, кое го снимиле на ЦД благодарение на соработката со издавачката куќа „Мираре“.

Во нивниот стремеж да истражуваат нов репертоар тие ја делат сцената со пијанистите: Александар Канторов, Клемен Лефевр, Адам Лалум, Жан-Филип Фонсалас, како и со виолинистите Александар Паскал и Уго Борсарело.

Трио Супниевски

Програма

Е. Дохнањи: Серенада оп. 10 во C-dur

Marcia (Allegro)

Romanza (Adagio non troppo)

Scherzo (Vivace)

Tema con variazioni (Andante con moto)

Rondo

З. Кодај: Интермецо за гудачко трио

Л. В. Бетовен: Серенада за гудачко трио оп.

Marcia

Minuet

Adagio

Allegretto alla polacca

Tema con variazioni