Skip to main content

Трипуновски: Охридско езеро се става во функција, со што се заштитува и рибниот фонд

Охридското Езеро како ревир предвидува седум риболовни зони за комерцијален излов на риба и една рекреативна зона на ниво на целото езеро.
 |  инфодеск  | 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со риболовните здруженија и риболовците од Охрид и Стругај. Целта е запознавање на риболовците со новата риболовна основа која што ја донесе владата.

„Новата риболовна основа предвидува седум риболовни зони за комерцијален излов на риба и една рекреативна зона на ниво на цело Охридско езеро“, појасни министерот Трипуновски.

Тој додаде дека ова е уште едно во низата на исполнети ветувања кои што ги има дадено во предизборниот период.

Министерот посочи дека целото езеро се става во функција, со што се заштитува и рибниот фонд.