Skip to main content

Охридски пливачки маратон

Триумф на Алесио Очипинти на Охридскиот пливачки маратон

Речиси целосната доминација на денешниот мартон, на 25 километарската патека „Климе Савин“ на италијанецот Алесио Очипинти, му го донесе и денешниот триумф.
 |  Голабовски Крсте  | 
Алесио Очипинти

Речиси целосната доминација на денешниот мартон, на 25 километарската патека „Климе Савин“ на италијанецот Алесио Очипинти, му го донесе и денешниот триумф.

Очипинти доминираше и на летечките спринтови на двата контролни пунктови. Очипинти беше трет на Светското првенство во маратонско пливање во Анжу и победник на Капри Наполи маратонот минатата година.

Втор во машка конкуренција Матијас Дијаз , додека трет е италијанецот Марко Инглима, 5 часа, 2 минути, 19 секунди.

Аргентинецот Дијаз минатата година беше победник на Охридскиот пливачки маратон.