Тркалезна маса „Предизвици и можности за добро локално владеење во дигитална ера“ денеска во Охрид во организација на Центарот за социјални иновации БЛИНК 42 – 21.
На настанот свои искуства и мислења ќе споделат градоначалницте на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, Тони Коњановски, градоначалник на Општина Битола; Љупчо Папазов на Оштина Кочани; Арбен Таравари на Општина Гостивар и Димчо Атанасовски, градоначалник на Општина Македонска Каменица.
Форумот е во рамки на проектот „мЗаедница за мобилни, транспарентни и ефикасни општини“ поддржан од Интернационалниот Републикански Институт (ИРИ).
Дел е од дводневен настан организиран од Центарот за социјални иновации БЛИНК 42 – 21 за зајакнување на капацитетите на општините кои ја користат дигиталната платформа „мЗаедница“