Во Охрид уапсени тројца државјани на БиХ осомничени за кражба
По целосното расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Тројца државјани на Босна и Херцеговина, на возраст од 19 и 22 години, се лишени од слобода во Охрид под сомнение дека сториле кривично дело „кражба“.
Како што соопштија од СВР Охрид, тие биле приведени на 14 јули околу 16:10 часот на улицата „Партизанска“ во Охрид.
По целосното расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.








