Тројца охридски ракометари дел од Б репрезентацијата на Лазаров
Ракометарите на ГРК Охрид, Мартин Манасков, Михајло Младеновиќ и Мартин Ивановски ќе бидат дел од Б репрезентацијата на контролните средби во Ниш, при што ќе ќе добијат шанса да покажат дали имаат репрезентативен квалитет во себе.
Ракометната селекција на Македонија ќе одигра два пријателски натпревари против репрезентацијата на Србија, а селекторот Кирил Лазаров за овие натпревари реши да повика млади таленти и играчи од домашниот шампионат.
На поширокиот состав на Лазаров се најдоа и тројца охридски ракометари кои ќе имаат шанса да се покажат и докажат на контролните средби. Станува збор за играчи на ГРК Охрид, Мартин Манасков, Михајло Младеновиќ и Мартин Ивановски.
Натпреварите ќе се одиграат на 19-ти и 20-ти јуни во Ниш.
За потсетување, Македонија обезбеди настап на следното Европското првенство кое ќе се одржи на почетокот од 2022 година. Македонија е во групата „А“ со Словенија, Данска и Црна Гора.