Несреќа
Тројца повредени во сообраќајка на патот Охрид-Струга
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера меѓу товарно и патничко возило на магистралниот пат Охрид – Струга, во близина на бензинска пумпа.
На 25.01.2023 во 18:50 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид– Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „сканиа“ со приколка, со албански национални ознаки, управувано од О.П.(39) од Република Албанија и патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.Д.(40) од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот од патничкото возило, а со телесни повреди се здобиле двајца сопатници од истото возило, Ц.Д.(43) и малолетник од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.


