Skip to main content

Граѓаните си го бараат ветеното

Тротоарот кој се протега вдолж булеварот Туристичка од левата страна на западниот влез во градот, сеуште е раскопан иако во Локалната им рекле дека овој тротоар е ставен во приоритетите и дека  оваа пролет ќе биде направен. Од Фондот за комунален развој признават дека им ветиле ама велат да почекаат до на есен.

 |  Јаковлева Лионела  | 
trotoar
тротоар

Добре дојдовте во Охрид, градот на УНЕСКО, но и на раскопаните тротоари. Западниот влез во градов воопшто не асоцира дека влегувате во некој туристички центар туку како да сте стигнале во некоја селска населба. Трње од сите страни на патот, раскопани тротоари и прашина, се жалат граѓаните кои токму таму живеат. Тие велат дека сликата не е изменета повеќе од 20 год. Иако во Локалната им рекле дека овој тротоар е ставен во приоритетите и дека  оваа пролет ќе биде направен, се останува само на ветување, вели Илија Магденоски, претседателот на УЗ Воска. Тој раскажува дека десетина пати преставници на ова урбана заедница биле во Локалната и доставиле барање за санација на тротоарите.тротоар



Барањето е влезено во план и програма, но досега никој не реагираше, тротоарот сеуште е раскопан. Направија многу улици и сокачиња, на некој и пред куќите им асфалтираа, а нас не заборавија. Ни велат ќе користеле некои средства од европските фондови. Па со нив треба да се разубавува градот, а не да се прават тротоари, изреволтирано раскажува Магденоски.



Од Секторот за комунален развој признаваат дека им ветиле на граѓаните од овој дел на градот дека  ќе го направат тротоарот, но некои други градежни зафати испаднале поприоритетни.fond za komunalen razvoj

По отварањето на асфалтните бази се одржаа неколку координативни состаноци на кои се увиде дека има други поприоритетни работи од санација на тротоарите па цела градежна оператива се сконцентрира таму. Знаете дека во јули и август поради туристичката сезона не се прават поголеми градежни зафати. Ветеното ќе го исполниме. Тротоарите ќе бидат санирани есенва, вели Љупчо Танески од Фондот за комунален развој, сообраќај и улици.

Останува да видиме дали и ова ќе биде празно ветување и дали овој малку подзаборавен дел од градот конечно ќе добие ист третман како централното градско подрачје.

{loadposition content9}