Започнува Културно – забавното лето „На зајдисонце “ во Трпејца
Се е подготвено за отворањето на второто издание на Културно забавното лето„На зајдисонце“.
Организатор на Манифестацијата „На зајдисонце “ во Трпејца е Здружението за промоција и развој „За Трпејца со љубов“ поддржано од месната заедница од Трпејца, а покровител на манифестацијата е Општина Охрид. Секретарот на општината Димитар Спасески вели дека ова е една од активностите на општина Охрид, насочени кон подршка на културните манифестации во градот особено со акцент на културните манифетстации кои се одвиваат во рурлните области.
„На наше големо задоволство оваа година културната манифестација, организирана од страна на здружението на граѓаните „За Трпејца со љубов“ нуди богата програма на уметничка програма, спортски активности, каде граѓаните на Охрид и туристите кои во овој период го посетуваат нашиот град, ќе имаат можност да видат една поинаква порелаксирана културна манифестација каде што заедно со своите пријатели ќе може да уживаат. Општина Охрид од оваа година планира интензивна во овој дел. Наша интенција како локална самоуправа покрај етаблираните уметнички настани кои во текот на летото се случуваат во Охрид ние ќе дадеме подршка на сите овие настани кои нашите граѓани имаат интерес да ги организираат“, вели секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.
Спасески додава дека за локалната самоуправа оваа манифестација е сериозен предизвик да функционираат овие настани во текот на целата година, така што граѓаните на Охрид ќе имаат можност да имаат изобилие на културни настани.
„Ние сме сеуште на почеток. Минатата година за прв пат, годинава по втор пат ја подготвуваме манифестацијата“, вели Милчо Јованоски, член на здружението „За Трпејца со Љубов“.
Јованоски додава дека програмата на манифестација е конципирана онака како што му доликува на едно место со летни, релаксирани содржини.
„Утревечер свеченото отворање ќе биде под ведро небо, како и целата манифестација започнува во 20.30 минути. Ќе биде тоа уште една промоција на младиот ансамбл Билјана на потомците на ансамблот Билјана, веднаш потоа имаме отворање на изложба на Мајкл Клос, нашинец кој живее и работи во Канада, по потекло македонец. Другите денови следуваат уште неколку интересни настани , пример од културата во понеделник навечер е сеќавање на Димитар Кондовски, уметникот кој успеа Трпејца да ја покаже како уметничко катче и да му го даде името Сан Тропе“ вели портпаролот и член на здружението За Трпејца со љубов“, Милчо Јованоски.
Во склоп на манифестацијата ќе има и промоција на етнолошки предмети каде туристите ќе се потсетат колкаво богатство поседува овај крај, а ќе има и неколку креативни работилници. Една од работилниците ќе ја водат Менче, Александра и Мелани Клос, и е наменета за деца кои се надарени и талентирани во уметноста. Годинава ќе има и школа и за шах , школа за пливање со Соња Думбалова Делова. Манифестацијата „На зајдисонце “ во Трпејца ќе го организира настанот „Рибарски вистини“ со мини изложба на риболовен алат кој се користел низ вековите во Трпејца, стари рибари ќе зборуваат за своите рибарски авантури, а за атракција со богат фонд на награди ќе биде организиран и натпревар во ловење риба со јадица од брегот. Здружението „За Трпејца со љубов“ ја продлжува соработката со Нуркачкиот центар „Амфора“. Деновиве ќе биде промовиран „Заливот на прчот“ а во соработка со Националниот парк „Галичица“ ќе биде промовирана и рекреативната патека „Чоколско“ во близина на селото Трпејца. Сите активности и настани се бесплатни за учесниците и настаните ќе се одржуваат под ведро небо на импровизираната сцена КАЈ БУНАРОТ и на бисерната плажа во Трпејца.
{loadposition content9}