СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63-годишен жител од охридското село Трпејца. При вонреден инспекциски надзор, извршен на 05.06.2023, било констатирано дека тој извршил доградба на индивидуална семејна ќуќа од тврда градба во селото без да поседува одобрение за доградба, издадена од надлежен државен орган, информираат од СВР Охрид.