Skip to main content

Во Охрид нема регистрирано ниту еден случај на туларемија

Во Охрид нема регистрирано ниту еден случај на туларемија, но превентивно се делува, велат од Центарот за јавно здравје. Во Македонија веќе се регистрирани три случаи на заболени од оваа болест па тоа ја алармира јавноста да биде будна. Можно е да се врши дополнителна дератизација и дезинсекција посебно во поплавените подрачја каде опсноста од оваа болест е поголема.

 |  Јаковлева Лионела  | 
epidemiologija
епидемиологија

Туларемијата која најпрво се појави во Косово деновиве и тропна на врата и на Македонија со потврдувањето на трите случаи во Скопје и Арачиново. Пренесувач на оваа чума е бактерија, која што ја има на цела северна хемисфера и е доста отпорна на надворешни влијанија и ниски температури, а ја има во блата и мочурливи површини. Сепак, извор на инфекцијата се глодарите, како полските глувци, зајаците, куните, дабарите и др. Засега нема потреба од загрижување бидејќи нема опасност од зголемување на епидемиологијабројот на инфицирани, смируваат надлежните , но сепак поплавите би можеле да предизвикаат ширење на болеста. Агенцијата за храна и ветеринарство апелира сопствениците на домашни животни и миленици особено на зајаци, глувци и други глодачи, кај надлежниот ветеринар задолжително да ги пријават животните што покажуваат невообичаени симптоми на треска, слабеење, оток на жлездите, рани на кожата и други симптоми.

Повеќе да се претпазливи луѓето што се во контакт со животни  или глодари или пак имаат жито кое може да биде заразено. Од човек на човек не се пренесува, но граѓаните да внимаваат на водата која ја конзумираат особено онаа од бунарите која не е хлорирана, вели ветеринарот Љубомир Стојаноски.

jovanka sturlakova korovesoskaПрвите симптоми кај луѓето кои вообичаено настапуваат за три до пет дена се ненадејна треска и грозница, отечени и болни жлезди, главоболка, повраќање и дијареа, болки во мускулите и зглобовите, сува кашлица, малаксаност. Може да се јават и рани по кожата и устата, воспалено грло, отеченост и болка на очите или на жлездите на вратот како и под пазувните жлезди. Во подоцнежните фази болеста може да премине во пневмонија, проследена со недостаток на здив, дишење проследено со болка во градите и искашлување на крвав исцедок. Туларемијата не се пренесува од човек на човек. Бактеријата предизвикувач на туларемија може да опстане во почвата, водата или во угинатите животни и по неколку недели. Доколку се појави, болеста се лекува со антибиотици, а во одредени епидемиолошки случаи за неа постои и вакцина. Од Центарот за јавно здравје велат дек тие превентивно делуваат и со спроведување на дератизација и дезинсекција

Уште есенва извршивме дератизација на 3000 шахти во централното градско подрачје беа поставени 3000 мамци. Доколку има потреба поради поплавитеќе направиме и дополнителна дератизација, но и дезинсекција. Пред се ќе ги опфатиме земјоделските површини, вели Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска, епидемиолог од Центарот за јавно здравје.

Во Македонија, во последните 25 години само на три пати имало појава на туларемија. Во 95-та и во 96-та со вкупно 50-на заболени и во 2010-та со 20 заболени.

{loadposition content9}