Томислав Тунтев именуван за претседател на ОО на СДСМ
Томислав Тунтев ја доби довербата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Првиот човек на СДСМ, претседателот Зоран Заев, синоќа на последниот состанок на највисокото раководство на охридскиот огранок на партијата, го именува актуелниот советник Томислав Тунтев за претседател на општинската организација на СДСМ во Охрид.
Тунтев за претседател на охридските социјалдемократи бил избран, откако влегол во потесниот избор, заедно со Веле Тодороски.
Според измените на статутот на СДСМ донесени на вториот конгрес на СДСМ на 30 јуни годинава, претседателот на партијата, ги именува претседателите на ОО, а секој именуван претседател е обврзан да направи тим за извршен одбор, како највисоко партиско општинско раковоство. По формирањето на тимот, истиот треба да добие подршка од членовите на највисокото партиско тело, општинската конференција која во Охрид брои околу 120 члена.
Се очекува дека за неколку денови кога треба и да се одржи оваа конференција Тунтев да ја добие довербата од ова тело, со што и официјално ќе ја превземе ОО во свои раце.
Инаку Тунтев кој е доктор по сообраќајни науки и актуелен советник доаѓа на местото на Науме Јованоски, кој повеќе од очигледно е дека не успеа да го консолидира членството, што резултираше со голем пораз на последните локални избори.
Тунтев ја доби поддршката на новото раководство на партијата кое најави консолидирање на СДСМ и поинаков правец на делување.
{loadposition content9}