Skip to main content

Промотивните тури најефикасен начин за развој на туризмот

Туристичките работници изнаоѓаат нови начини за промоција на туристичките потенцијали. Промотивните тури се покажаа како еден од поефикасните методи за развојот на туризмот. Информативната тура која неодамна беше организирана од страна на Кушакавак, асоцијацијата на туристички агенции, ТУРСАБ, како и општините Измит и Изник, при што делегација од Охрид  ја посети областа „Коџаели“ во Турција, го докажа тоа.

 |  Јаковлева Лионела  | 
турција
turcija

Промотивните тури еден од поефикасните начини за развојот на туризмот. Рекламата од уста на уста и познатата девиза „јас бев, оди и ти“ се покажува како најефикасна. Непосредниот контакт помеѓу домицилната земја и потенцијалните туристи носи најмногу гости, велат туристичките работници. Од Агенцијата за промоција и подршка на туризмот потенцираат дека покрај учеството на саемите се повеќе се применува овој начин на промоција.

Овој начин за разлика од саемите каде има поголем број агенции е поефикасен бидејќи има можност повеќе време да им се посвети на заинтересираните и на колегите, се прават поголем број контакти кои на крајот резултираат со конкретни зделки, вели Владо Суклоски од Агенцијата за  за промоција и подршка на туризмот.
delegacija
Една ваква информативна тура неодамна организираа Кушакавак, асоцијација на туристички агенции ТУРСАБ, како и општините Измит и Изник ,при што делегација од Охрид ја посети областа „Коџаели“ во Турција со цел да го промовира овој регион кој допрва треба туристички да се развива. Коџаели е најразвиен индустриски регион во Турција, но покрај индустријата турците имаат интенција да го развиваат и туризмот. Овој регион гледано како туристички потенцијал е спој на природата и културата по што многу наликува на Охрид , вели Сашо Коруновски, деканот на ФТУ Охрид.

Соработката на овие два региони може да биде само во насока на развојот на двата региони. Културното наследство кое го поседуваат како и природните убавини се магнет за македонците, но и за турските гости кои допрва треба да ја откријат нашата земја и Охрид како туристички центар, вели Коруновски.

Регионалниот соработник на Кушакавак, Ружди Муфти рече дека контактите кои се направени на оваа инфо тура се од непроценливо значење затоа што во нејзината организација биле инволвирани врвни туристички агенции и тур оператори.

Успешноста на оваа средба е двострана . Ние се запознавме со оваа област и сите позитивни инпресии ќе ги понесеме во нашата држава, но и турците се запознаа со нашите туристички потенцијали бидејќи им поделивме многу пропаганден материјал и им раскажавме што се нуди Македонија и Охрид како дестинација. Се склучија и повеќе договори помеѓу агенции и туроператори од двете земји, рече Муфти.
сувенир
На промотивната тура во Турција покрај македонска имаше и грчка и бугарска делегација. Со ова се создаваат уште поголеми можности за развојот на туризмот помеѓу овие четири држави.

Наша идеја одавна беше да не се нудат само Истамбул, Кушадаси и Анталија како дестуинации туку и други региони на турција кои исто така се многу интересни  со специфична култура и природа. Оваа тура е одлична идеја и сега не само што бугарски гости ќе доаѓаат во Турција туку и во Грција и Македонија. Контактите со агенциите и туроператорите се направени сега се очекуваат конкретните резултати, рече Шени Бојанова-директорка на туристичката агенција Протравел – Пловдив.


Сакам да им заблагодарам на моите пријатели што ми помогнаа во организацијата на една ваква тура и се надевам дека ќе склучиме многу зделки на задоволство на сите страни, рече Рифат Јакопоглу, член на асоцијација на туристички агенции ТУРСАБ.

Ваква промотивна тура се планира да се организира и во Охрид кога делегација од турција ќе престојува неколку дена во регионов после што ќе го рекламира во нивната држава.

{loadposition content9}