Skip to main content

Туристички инфо центар потребен само во центарот на Охрид

Туристички инфо центар потребен само во  центарот на Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
info
info

Туристичкиот информативен центар  поставен на северниот влез од градот на патниот потег Охрид – Струга  ќе се дислоцира. Од Тлер најавуваат дека ќе го преместат во централното градско подрачје. Фрекфенцијата на туристите е најголема во ценатрот на градот  и се одлучивме за негово  преместување, кажува Ѓоко Апостолоски, раководител на Тлер. Во тек е законска  постапка за издавање на нова локација за негово поставување.

инфо центар„Увидовме дека неговата функција беше скоро никаква. Ретко кој гостин застануваше за да се информира. Градот не е голем за да има инфо центри на влезот. Потребата од информации  е поголема во централното подрачје на градот“, укажува Апостолоски.

Во туристичкиот инфо центар гостите ќе ги добиваат сите важни информации поврзани со нивниот престој на охридската ривиера. Од прва рака ќе ги добиваат  информациите за хотелското и приватното сместување, културно историските споменици во градот па се до одржување на тековните културни манифестации.
 
За да се подобри информирањето на туристите  за правата кои ги имаат туристите при престојот во Охрид од Тлер ќе спроведуваат и кампања. Од оваа туристичка сезона  ќе се стави во функција  и телефонска линија на која туристите ќе може да ги пријавуваат сите проблеми  од областа на туризмот, а службите соодветно ќе ги проследуваат до надлежните органи, појаснува Апостолоски. Раководителот на ТЛЕР најави поставување и на нови инфо пултови на повеќе локации низ градот.

„ Неколку инфо пунктови се веќе поставени на неколку локации во градот и се во функција. За многу брзо време, веќе е во процедура, поставување на уште неколку инфо пунктови кои ќе ги користат туристите“.

Апостолоски  најави и ригорозни контроли на „дивите“ чекачи на туристи кои со години наназад се вообичаена слика во туристочката сезона.  Од понеделник започнуваат интензивни контроли од тимови формирани од Локалната самоуправа во координација и засилени од пазарната инспекција и СВР, информира Апостолоски.

{loadposition content9}