Туристичките посети и ноќевања во земајва со тренд на раст во периодот јануари-октомври
Туристичките посети и ноќевања во земјава со тренд на раст во периодот јануари-октомври.
поред податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2015 година изнесува 61 655, а бројот на ноќевањата изнесува 142 503. Што значи дека секој посетител во просек во земјава се задржал 3 дена. Кај домашните туристи има тренд на намалување и кај посетите и кај ноќевањата. Но, охрабрува подотокот за зголемен тренд на странските туристи и тоа за 1,8 посто во посетите и 3,5 посто кај ноќевањата, споредено со минатогодишниот октомври.
За разлика од месец октомври, во периодот јануари-октомври 2015 година, споредено со истиот период од минатата година, има зголемување и на посетите и на ноќевањата, и кај домашните и кај странските гости. Бројот на туристите е зголемен за 10.1% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.7%, а кај странските има зголемување дури за 14.0%.
Кај ноќевањата се бележи пораст од 8.4% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.6%, а кај странските има зголемување за 12.5%.
Најавите на туристичките работници од Охрид дека за престојните празници градот ќе биде посетен како од домашни така и од странски туристи влева оптимизам дека овој нагорен тренд во туризмот ќе се здржи и за новогодишните празници.