Skip to main content

Сеуште официјално не се знае каква туристичка сезона имавме

Од државниот завод за статистика нема комплетни податоци како помина туристичката сезона. Моментално оценките за тоа какво лето имавме во поглед на гостите кои го посетија Охрид се темелат на податоците од општинскиот инспекторат.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ohrid
охрид

И после пет месеци од завршувањето на летната туристичка сезона од државниот завод за статистика нема комплетни податоци како таа помина. Од ТЛЕР  велат дека ќе почекаме уште еден до два месеци за да добиеме бројки од заводот бидејќи истите се обработени заклучно со месец јули. Моментално оценките за тоа какво лето имавме во поглед на гостите кои го посетија Охрид се темелат на податоците од општинскиот инспекторат. Според неговите извештаи  во 2014та година биле остварени 436 212 ноќевања што преставува само за 1% намалување во  однос на 2013та. Раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостоловски нагласува дека овие параметри ги потврдиле нивните очекувања за минатогодишната туристичка сезона.ох. езеро

Кај странските гости се бележи перманентно зголемување и тоа за 4,4% додека кај домашните ноќевања имаме намалување за 10%  и тоа во месец јули кога временските прилики беа најлоши, вели Апостоловски.

Според исполнетоста на капацитетите и немавме така лоша сезона, објаснува раководителот на ТЛЕР. Бројката е речиси идентична како и лани.  според видувањата на угостителскиот сектор иако бројот на гости бил намален, прометот во угостителските објекти е зголемен дури за 15%. Апостоловски ги изнесе и податоците според бројот на гости по држави и реализирани ноќевања. Најбројни се гостите од Турција и Холандија но и балканските држави се главниот генератор на гости кои што доаѓаат во Охрид, вели тој. Најбројни во месец јули според податоците на Државниот завод за статистика се гостите од Турција со реализирани 9717 посети односно лица или биле реализирани 14 405 ноќевање што би дошло едно и пол ноќевање во просек, додека холанѓаните се на второ место со 7,5 илјади посети или вкупно реohridализирани 43,5 илјади ноќевања, понатаму на трето место доаѓаат гостите од Бугарија, Полска, Србија, Грција, Словенија, Хрватска, Албанија, Германија, Австралија, потенцира Апостолов.

Јас верувам дека и наредново лето ќе продолжи овој тренд на раст на странски гости , но ние ќе направиме напори за да создадеме услови за да ги вратиме назад домашните гости кои минатово лето беа во многу помал број, објаснува Апостолов.

Инаку Тлер со цел да го испита мислењето на гостите за тоа каква беше минатата туристичка сезона уште во текот на летото во соработка со ФТУ спроведе анкета. Апостоловски кажа дека опфатиле 104 домашни и 68 странски гости. Во нив имало позитивни и негативни карактеристики во однос на сезоната кои во иднина ќе се земат во предвид, со цел подобрување на позитивните и елеимнирање на негативните забелешки кои што се наведени во анкетните листови.

{loadposition content9}