Skip to main content

Туристичката сезона го зголеми обемот на работа во охридските болници

Најчесто се хоспитализираат повредени во сообраќајни несреќи. Според полицискиот биланс зголемен е бројот на жртви во сообраќајни несреќи, а пешаците и велосипедистите се најзагрозената категорија.
 |  инфодеск  | 

Стартот на туристичката сезона го зголеми бројот на пациенти во охридските  болници. Најчесто се хоспитализираат  повредени од сообраќајни несреќи. Потоа повредени на плажа, давеници или со повреди од  тепачки.

Од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо, велат подготвени се кадровски да одговорат на зголемените  потреби од интервенции и оперативни зафати.

Во моментов лекарски сме одлично екипирани на врвно ниво е здравствената услуга секако имаме потреба од дополнителни специјалности анестезиолози и сестрински кадар. Меѓутоа во моментов сме во можност да ги апсорбираме и се надевам летово добро ќе одговориме на сите потреби на градот, вели Харалампие Шокароски, директор на Специјалната болница Свети Еразмо Охрид.

Според полицискиот биланс зголемен е бројот на жртви во сообраќајни несреќи, а пешаците и велосипедистите се најзагрозената категорија.

АНКЕТА:

-Во врска со сообраќајната култура во Охрид може да кажам дека воопшто ја нема. Основните сообраќајни правила не се почитуваат од страна ниту на возачите, ниту пешаците, ниту велосипедистите.

-Од страна на возачите воопшто не се почитуваат. Сум се почуствувал доста загрозен поготово на пешачки премин. Неќе да застани а гледа дека стар човек врви не сака да застане.

-Јас постар се плашам  не дај Боже да се случат случки. Мора да внимаваш во ова време.

Статистичките податоци покажуваат дека во текот на 2024 година на подрачјето на СВР Охрид се случиле 280 сообраќајни несреќи со 5 жртви.

Новинар Соња Рилковска