Skip to main content

Дигитална технологија

Туристички сектор да се подобрува

Се предлага правилно користење на дигиталната технологија, но и нови законски измени. Решенија има кои треба час поскоро да се имплементираат.   
 |  инфодеск  | 
Цетко

Туристичкиот сектор треба постојано да се развива и подобрува. Знаењето и примената на дигиталната технологија во туристичкиот пазар носат подобри резултати во работата.

Покрај правилното користење на дигиталната технологија, во одредени сегменти се наментува и потребата од нови законски измени. Треба да сe подига свеста за начините на унапредувње на домашниот туризам. Залудно е ако постои најсовремена технологија која не се користи или не се знае како да се употреби.

„Она што недостасува е обработка на дневни информации. Сите хотели користат резервациски систем и дигитална комуникација со туристичките оператори, но нема анализа на повратната врска на давањето рецензии кои доаѓаат од гостите и туристичките оператори , на соодветен начин како што тоа го прават во развиените хотелски ланци“, вели проф. д-р Цветко Андреески, ФТУ Охрид

Евиденцијата на туристичкиот промет и бројот на туристите се слабите страни во туризмот. За да се подобри евиденцијата на гостите и прометот требаат зкаоски измени. Предлозите се дадени, а на потег е Министерството за економија.

„Мое мислење е дека треба да се направат законски промени. Во Законот за угостителска дејност да се овозможи на поедноставен начин да се пријавуваат гостите и да се одредува висината на туристичката такса. До ден денес иста туристичка такса плаќаат приватните станоиздавачи со неколку кревети и големите хотели со голем број легла. Има проблеми и во тој дел и треба и може да се надминат“, кажува професор Андреески.

Во студијата за развој на туризмот изготвена од ФТУ има дискрепанца во анализата на приходите кои се остваруваат од туристичката такса и од бројот на пријавени туристи. Постојат решенија и треба час поскоро да се најде начин за имплементирање на најоптималните солуции.