Туристите најчесто ја користат премиум зоната за паркирање
Подготвени се да платат висока цена за својот миленик на четири тркала при посетата на градот. Со овој начин на паркирање се внесе ред во сообраќајот и се намали нервозата кај возачите, напоменуваат задоволно од ЈП Билјанини извори.
Од ЈП се задоволни од начинот на функционирање на премиум зоната за паркирање на плоштад. Со цена од 100 денари паркинг за еден час се стави ред во сообраќајниот хаос кој се случуваше секое лето на овој потег, вели Гордана Јованоска директор на ЈП Билјанини извори. Целта на воведување на овој начин на наплата не ни беше да оствариме финансиски бенефит туку намалување на сообраќајниот хаосот, додава Јованоска и напоменува дека најчесто премиум зоната за паркирање ја користат туристите.
„Повеќе странци и домашните гости. За некој да го види Охрид и да поседи еден до два саати во градот се упатува во центарот. За нив не е проблем да платат 100, 200 или 300 денари. Имаме случаи кога странци плаќаат и по 6.000 денари, а се задоволни бидејќи сакаат паркинг на местото каде што сакаат да прошетаат, да се одморат, а колата да им е поблиску“, вели Јованоска.
Искуството од терен покажува дека со примената на новото сообраќајно решение се сите задоволни, граѓаните, посетителите, полицијата, вели Јованоска. Директорката напоменува дека засега не е евидентиран нити еден инцидент што не било случај во изминатите години.
„Во секој момент имаше празно место и можеше да се паркира. Капацитетот на исполнетост на паркинг во тек на 24 часа беше од 60 до 70 посто. Во 24 часа ,100 посто не беше исполенет“, вели Јованоска.
Од ЈП Билјанини извори се задоволни и од растеретување на сообраќајниот хаос со автобусите. Автобусите се задржуваат до 15 минути на определеното место ги оставаат или земаат патниците со што се избегнува сообраќајниот метеж, напоменува Јованоска.