Skip to main content

Протоколарна средба

Турска делегација во посета на Општина Охрид

На средбата беше потенцирана добрата меѓусебна соработка и беше констатирано дека таа во иднина ќе се продлабочува.
 |  инфодеск  | 
Турска делегација

Градоначалникот Кирил Пецаков оствари протоколарна средба со турска делегација предводена од Амбасадорот на Република Турција, Н.Е. Хасан Мехмет Секизќок. Во турската делегација беа и претседателот на македонско-турската бизнис комора (МАТТО), Ајдован Адемоски, сопственикот на туристичката агенција „Бадем Тур“ Џихангир Бадем, како и почесниот конзул на Република Турција во Охрид, Абдураман Бајрактар.

На средбата беше потенцирана добрата меѓусебна соработка и беше констатирано дека таа во иднина ќе се продлабочува. Соговорниците разговараа за интензивирање на соработката во областа на туризмот, односно организирање на промоција на Охрид на туристичкиот саем во Истанбул.

Турска делегација

Градоначалникот Пецаков го запозна амбасадорот со проектот за изградба на нова училишна зграда на ОУ „Братство Единство“, кој треба да се реализира во соработка турската агенција „ТИКА“. Амбасадорот истакна дека лично ќе се заложи за побрза реализација на овој значаен проект за градот, информираат од Локалната Самоуправа.

На средбата се разговараше и за надоградување на соработката во областа на образованието, културата, градежништвото и индустријата.