Skip to main content

Творештвото на охридскиот писател Зоран Ковачевски пред охриѓани

В петок, во КИЦ „Култура 365“ ќе биде претставено дел од творештвото на охридскиот писател Зоран Ковачевски.

 |  Мишел Наумоски  | 
kic 365
киц 365

Kultura 365Во Културно-информативниот центар „Култура 365“, утре охриѓани ќе можат да чујат дел од творештвото на писателот Зоран Ковачевски. Дел од литературниот опус на охридскиот писател Зоран Ковачевски во петок пред охридската читателска публика. Неговиот опус ги вклучува збирката раскази: „Охридски приказни“, „Аристотел во Ресен“, „Пејач“, „Кога ни петлите не пеат“ како и романите: „Семејна фреска“, „Летачи на метли“, „Одмазда“, „Историја на светото дело“. Инаку Ковачевски е роден на 3 април 1943 година во Светозарево во Србија. Завршил Правен факултет во Белград, а работел во Костозглобната болница во Охрид, а подоцна и како судија во Основниот суд Охрид. Творештвото на охридскиот писател ќе биде претставено во 12 часот.

{loadposition content9}