На 28.01.2025 во 20.00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 52 годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички нападнал, а потоа допирал по телото малолетничка од Охрид, информира портпаролот на секторот, Стефан Димоски.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.