Уапсен 52 годишен охриѓанец пријавен за напад врз малолетничка
Лицето е пријавено дека физички нападнал, а потоа допирал по телото малолетничка од Охрид.

На 28.01.2025 во 20.00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 52 годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички нападнал, а потоа допирал по телото малолетничка од Охрид, информира портпаролот на секторот, Стефан Димоски.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.




