Skip to main content

СВР Охрид

Уапсен албански државјанин на Граничен премин Св.Наум

Возилото било одземено, а лицето било спроведено во СВР Охрид за понатамошна постапка. информира портпаролот на СВР Охрид,
 |  инфодеск  | 

На 11.04.2024 околу 11.00 часот на Граничен премин Св.Наум, полициски службеници го лишиле од слобода И.И.(51) од Република Албанија.

-При контрола на патничко возило „сангјонг” со албански национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека  втиснатите броеви на шасијата од возилото не соодветствуваат со броевите кои се во сообраќајната дозвола приложена при контролата. Возилото било одземено, а лицето било спроведено во СВР Охрид за понатамошна постапка. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.