Уапсен бугарски државјанин сo ладно оружје
Протеран од земјава е Бугарски државјанин кај кого било пронајдено ладно оружје. При претрес кај него биле затекнарти два ножа со должина на сечивата од 10 и 15 центиметри. Претресот се случил вчера, околу пладне, во близина на бугарскиот клуб Цар Борис Трети, во трговскиот центар Амам. Полицијата го привела и е предаден на понатамошна судска постапка, информираат од СВР Охрид.
„ Врз основа на член 80 од законот за оружје истиот е лишен од слобода и предаден на судија на претходна постапка во Основниот суд Охрид. Ножевите се одземни и предадени на претходна постапка и е донесена одлука. За понатмошни инфомации Ве упатувам кај судијата на претходна постапка“, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Неофицијално дознаваме дека утрово судија му изрекол пресуда на 22 годишниот Бугарин протерување од Македонија. Добил забрана за влез во земјава од две години. Низ охридската чаршија се шпекулира дека протераното лице било ангажирано за да го обезбедува бугарскиот клуб во ТЦ Амам.
СВР Охрид излезе со оскудни информации за случајот, најверојатно заради чувствителната ситуација од настанот, а по отворање на бугарскиот културен клуб кој носи името на Цар Борис Трети, контроверзна личност од поблиската историја.
Од СВР Охрид, кратко коментираат дека како и досега ќе го чуваат јавниот ред и мир во градот.