Skip to main content

Уапсен охриѓанец кој го запалил глисерот на својот брат, пожарот зафатил зграда и автомобил

Лицето е задржано во полициска станица и во службен разговор го призна делото, информираат од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

Ноќеска во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода лишија 52 годишно лице од Охрид.

-Тој се сомничи дека околу 02:33 часот во дворно место на улицата „Даме Груев” во Охрид, предизвикал пожар на глисер, кој се проширил и зафатил дел од зграда и патничко возило „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, кои се сопственост на неговиот брат. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид.
Лицето е задржано во полициска станица и во службен разговор го призна делото
, информираат од СВР Охрид.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.