свр охрид
Уапсено лице поради кражба на компјутер во сместувачки објект во Охрид
Компјутерот е одземен и предаден на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.07.2024 во 05.15 часот на улица „Партизанска” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 44 годишно лице од Охрид. При преглед кај него е пронајден лап топ компјутер, кој е предмет на кривично дело „кражба”, извршена претходно во сместувачки објект на улица „Цар Самоил” во Охрид. Компјутерот е одземен и предаден на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.


