Skip to main content

Убаво за око, но штетно за здравје

Ова лето во Охрид на секој чекор се нуди храна на отворено. Внимавјате што и каде јадете за да не завршите на инфективно.

 |  Јаковлева Лионела  | 
carsija
чаршија

Пеколните горештини им пречат на сите, но не и на бактериите. Високите температури создаваат идеални услови за развивање и размножување на  салмонели, стафилококни ентеро бактерии, ешерихија и др. кои што можат да предизвикаат труење со храна. Секоја храна природно содржи одреден број на бактерии. Но лошото манпулирање со храната, неправилното готвење или неадекватното складирање резултира со размножување на бактериите во доволно голем број за да предизвикаат болест. Во Охрид летово не е ретка појавата да се продава храна на отворено. Пица на парче, крофни, сладолед, пуканки, пченки и што уште не се нудат по чаршијата, но и по охридските плажи. Тие ги мамат сетилата на туристите, но и на охриѓани.  Граѓаните треба добро да размислат пред да загризат од јадењето.

Поголемиот дел од оние кои ги запрашавме дали внимаваат што и каде јадат велат дека не посегнуваат по секаква храна, а особено по онаа која се приготвува на отворено.krofni

Покрај тоа што стравот го чува лозјето односно самите граѓани треба да се грижат за тоа од каде купуваат и што јадат тоа треба да го прави и Агенцијата за храна и ветеринарство. Од таму велат дека редовно контролираат и за среќа досега нема ниту еден случај каде во земените мостри се најдени некои од опасните бактерии. Од Агенцијата кажуваат дека имаат полни раце работа, но се жалат дека само двајца инспектори работат на терен што е премалку особено за во летниот период.
Инаку, знаците и симптомите на труењата со храна варираат во зависност од изворот на контаминација, и од тоа дали сте дехидрирани или имате низок крвен притисок. Генерално тие се: дијареа , лошење, абдоминална болка, дехидрација , повраќање. Групи со висок ризик се: постари луѓе, бебиња и мали деца како и луѓе со хронични болести.  Како последица на несоодветниот хигиенски критериум и неможноста за чести систематски санитарни контроли на условите во кои се произведуваат, се чуваат, се пренесуваат и се консумираат прехранбените производи, може да се случат поединечни, а понекогаш и масовни труења со храна.

Затоа внимателно со храната, внимавјате што и каде јадете за ова топло лето да не го паметите по одморот поминат на инфективно.

{loadposition content9}