Ученици и млади ќе работат во хотелско угостителскиот сектор
На стартот на сезоната туристичкиот сектор бара начини за пополнување на недостигот настручниот кадар. На испразнетите места од вработените, кои масовно заминуваат на сезонска работа во странство и ова лето сезонски ќе се ангажираат ученици и млади од 16 години, кои лани докажаа дека можат да одговорат на зададените работни задачи.
На еден искусен вработен во секторот може да му помагаат двајца млади помошници и пак да се постигне квалитетна услуга во хотелско угостителскиот сектор, велат од ХОТАМ.
„Бевме позитивно изненадени од нив, многу добро изработија. Сакаат да слушаат и да напредуваат. Се направи еден убав поттик, сами се јавуваат и кажуваат кој кога завршува со школото и дека сакаат повторно да се вклучат во тие летни месеци и да ја изработат сезоната“, вели Крсте Блажески.
Во однос на увозот на работна сила од странски земји ХОТАМ смета дека тоа ќе помогне за пополнување на испразнетите работни места во повеќето сектори.
„Во некои од секторите ќе може, бидејќи сите зборуваат англиски. Токму така работи 30 % од Турција каде што имаме еден поголем број вработени кои се од други држави и работат во нивните објекти. Така што нешто слично би можело и овде да се примени“, вели Блажески.
ХОТАМ од минатата година бара увоз на работна сила од странски земји. Велат туризмот е гранка која не познава граници, во оваа индустрија во сите земји во светот се ангажираат странци.
Новинар Соња Рилковска