Skip to main content

Свети наум охридски

Ученици од ОЕМУЦ дел од проектот Каде се моите стапалки

Целта на овој проект е да се подигне свеста за намалување на емисијата на јаглероден диоксид во околината преку соработката во семејството и училиштата, информираат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
 |  инфодеск  | 
Оемуц проект

Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ учествуваат на E twinning проектот „Каде се моите стапалки“ (Where are my footprints). Во овој проект покрај ученици и наставници од ОЕМУЦ вклучени се и наставници и ученици од Грција, Франција, Романија, Казахстан, Турција и Азербејџан.

Целта на овој проект е да ја подигнеме свеста за намалување на емисијата на јаглероден диоксид во околината преку соработката во семејството и училиштата. За таа цел ќе се организираат различни активности како организирање состаноци во училиштето за дизајнирање на различни материјали, лого и постер, организирање на вебинари, спроведување разни активности, кампањи и слично. На почетокот на проектот, се пресмета јаглеродниот отпечаток на секој учесник преку организирање на прашалник. Ајде да видиме каков ќе ни биде резултатот после 3 месеци – велат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.