Skip to main content

Државен натпревар за ученички компании во организација на Џуниор Ачивмент Македонија

Ученици од ЕМУЦ направија апликација за мапирање депонии и дигестор за производство на метан

Годинава на шестиот Државен натпревар за ученички компании во организација на Џуниор Ачивмент Македонија во финалето влегоа две компании од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” – Охрид, GreenForce и „ЦеХа4“. Дигестер за производство на метан и мобилна апликација за мапирање депонии се иновативни идеи/производи на дветe ученички компании од ОЕМУЦ.
 |  инфодеск  | 
ОЕМУЦ компании

Тимот од компанијата GreenForce од ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” од Охрид изработи мобилна апликација за мапирање и пријавување отпад. Апликацијата за пријавување диви депонии TrashPinger веќе е достапна за преземање на веб-страницата http://trashpinger.000webhostapp.com

Годинава на шестиот Државен натпревар за ученички компании во организација на Џуниор Ачивмент Македонија во финалето влегоа две компании од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” – Охрид, GreenForce и „ЦеХа4“.

На овој натпревар беа пријавени 115 компании од средни училишта од целата држава, а на финалниот настан кој се одржа од 10-12 мај во хотел Дрим во Струга, се претставија 25 ученички компании од 20 училишта од 14 градови од Македонија меѓу кои и двете компании од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” од Охрид.
Натпреварот се состоеше од два дела. Во првиот дел претставниците од ученичките компании имаа усна презентација, а во вториот дел ги претставија своите услуги или производи на своите штандови.

Компанијата „GreenForce“ составена од учениците Ана Спироска, Ана Атанасовска, Дарко Крлески, Климент Маријаноски, Александар Спасеновски под менторство на професорката Ирена Ралева Најдевска ја претставија својата апликација TrashPinger.

Комапнијата „ЦеХа4“ составена од учениците Ангел Крстески, Мартина Јосифоска, Мануел Симоноски, Јована Николоска и Един Мифтароски под менторство на професорите Јорданка Недеска Симиџиоска и Љупчо Балески го претстави својот производ „Дигестер за производство на метан со користење на органски отпад.

„Натпреварот претставува едно позитивно искуство како за учениците така и за менторите бидејќи нашето училиште за првпат настапи на еден ваков натпревар. На учениците и менторите им честитаме за постигнатиот успех и им посакуваме успешна практична реализација на нивните идеи.“ – велат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски”.