
16 ученици од Техничката школа во Ужице, Република Србија, а во рамките на програмата RYCO Superschools, која промовира училишна размена во регионот WB6 за градење мир, помирување и меѓукултурно учење, реализираа седумдневна посета на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Од школото информираат дека учениците беа сместени во семејствата на своите врсници, што им овозможи уникатно доживување на локалниот начин на живот, обичаи и традиции и се заблагодаруваат на одличната организација на наставниците Јорданка Недеска Симиџиоска и Љупчо Балески, и големата посветеност за време на посетата учесниците имаа можност да ги посетат културно-историските споменици во Охрид.

Во просториитее на училиштето беа реализирани и три работилници на теми: „Кој сум јас? Кој е мојот идентитет?“, „Како се идентификувам себеси?“ и „Историјата треба да нè обединува, а не да нè разединува“ – поетско читање на тема „Крале Марко“.
Во рамките на проектот беше организирана и посета на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“.

-Оваа размена ќе остави траен белег не само преку новите пријателства и стекнатите искуства, туку и преку финалниот производ од проектот – веб-страницата CHANGE (Cultural Historical Application Natural Generation Education). Оваа веб-страница, која е во завршна фаза, содржи информации, фотографии и линкови за сите културно-историски и природни локалитети од Охрид и Ужице и нивната околина, велат од OЕМУЦ ”Св. Наум Охридски” – Охрид.