Skip to main content

ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Ученици од ОЕМУЦ во посета на Меѓународниот семинар за македонски јазик

Учениците и професорката Ирена Ралева-Најдевска ги посетија студентите од странство кои се на летна школа во Охрид и го изучуваат македонскиот јазик како странски.
 |  инфодеск  | 
Семинар

Во рамките на своите воннаставни активности, ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид со Ирена Ралева-Најдевска, лектор и професор по македонски јазик и литература, денеска беа во посета на 55-тиот Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура.

Учениците: Дарко Крлески од I-2, Дамјан Коцаревски од I-5, Наум Радески од I-5, Емилија Костоска од I-C и Андријана Огненоска од I-C заедно со професорката ги посетија студентите од странство кои се на летна школа во Охрид и го изучуваат македонскиот јазик како странски.

Учениците и професорката Ралева-Најдевска изразија огромна благодарност до универзитетските професори: проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска; проф. д-р Гордана Алексова; проф. д-р Борче Арсов; м-р Иван Антоновски; м-р Марија Пандева; проф. д-р Лидија Танушевска; проф. д-р Кристина Николовска и другите кои им овозможија да бидат дел од оваа летна школа, да слушаат дел од предавањата за јазик и за литература, а исто така за можноста да се запознаат со семинаристите од: САД, Кореја, Турција, Полска, Чешка, Словачка и Унгарија кои го изучуваат македонскиот јазик како странски.