Учениците од ОУ,,Св. Климент Охридски“, учат за штедењето
Преку забава и игра денес учениците од ОУ,,Св. Климент Охридски“ Охрид, научија колку е важно штедењето во животот на секој човек и како да штедат.
ученици
Преку забава и игра денес учениците од ОУ,,Св. Климент Охридски“ Охрид, научија колку е важно штедењето во животот на секој човек и како да штедат.
Претставници од Тутунска банка-НЛБ, на чело со генералниот менаџер Милчо Mитрески , ги запознаа учениците со улогата на штедењето пари од мали нозе. Тие им поделија блокови и прибор за цртање и ги поттикнаа да творат на тема ,,Штедење и спортување“.
Учениците чии цртежи ќе бидат најдобри, ќе бидат наградени. Воедно учениците беа поттикнати да се занимаваат со спорт и се разбира да почнат со штедење од најрана возраст.
{loadposition content9}