Skip to main content

Ученици од петто одделение од Пештани добија бесплатни членски карти од охридската библиотека

Библиотекарките Весна Симоноска, Елена Станкоска и Елизабета Бојчевска – Зимоска заедно со учениците и вработени во училиштето, стручно средија ново катче од лектирни изданија и други популарни дела за деца.
 |  инфодеск  | 

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на литературата за деца, на барање на ООУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани и директорката Валентина Рубаноска, библиотекарки  од НУ Библиотека „Григор Прличев“ помогнаа во комплетното преуредување на тамошната училиштна библиотека.

На обострано задоволство, библиотекарките Весна Симоноска, Елена Станкоска и Елизабета Бојчевска – Зимоска заедно со учениците и вработени во училиштето, стручно средија ново катче од  лектирни изданија и други популарни дела за деца.

Посетата на училиштето во Пештани беше можност на сите ученици во петто одделение да им се врачат бесплатните членски карти со важност од една година за зајмување книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.