Ученици во улога на Еко едукатори – активност дел од проектот “Зелена младина – Зелена иднина”, на Здружение Клуб за нуркање АКВАТЕК Охрид.
Талентирани и умни ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид и OОУ „Григор Прличев”, Охрид, стекнаа знаења од областа на екологијата и вештини да ги пренесуваат тие знаења.
Охрабрени од одделенските наставнички, смело настапија пред своите соученици во улога на Еко едукатори. На тој начин, го пренесоа своето стекнато знаења поврзано со цврстиот отпад во Охридското Езеро. Самостојно ги презентираа содржините пред аудиториумот ученици од трето и второ одделение и докажаа дека и децата го умеат тоа.
Ја потврдија својата умешност како Еко едукатори преку креативни содржини и едукативни прашања. Демонстрираа еколошки прифатливи практики и презентираа што се може да се најде под вода. Најважното, учениците во публика извлекоа многу поуки.
Честитки за еко едукаторите Евгенија, Владо, Јана и Нестор.
Проектот “Зелена младина – Зелена иднина”, на Здружение Клуб за нуркање АКВАТЕК Охрид се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans, која е финансирана од Европската унија (Delegation of the European Union, Skopje), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP MK). Проектот “Зелена младина – Зелена иднина” е кофинансиран од Општина Охрид.