Skip to main content

Учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески” ќе поделат новогодишни пакетчиња за дечиња од социјален ризик

Под мотото „ДОЈДИ, ВКУСИ, ИЗРАДУВАЈ!”, психологот на училиштето РЦСОО „Ванчо Питошески” – Охрид, Даница Скрческа заедно со Ученичката заедница, организираа хуманитарен новогодишен училиштен настан.
 |  инфодеск  | 

Со цел да се разбуди хуманоста во овој празничен период, под мотото „ДОЈДИ, ВКУСИ, ИЗРАДУВАЈ!”, психологот на училиштето РЦСОО „Ванчо Питошески” – Охрид, Даница Скрческа заедно со Ученичката заедница, организираа хуманитарен новогодишен училиштен настан.

– За успешна реализација на настанот придонесе и активното вклучување на стручните наставници: Војо Ангелоски, Елена Спировска и Катерина Џамбазовски, кои заедно со учениците приготвија домашни деликатеси и топли напитоци, а присутните имаа можност да посведочат за прекрасниот вкус на приготвеното. Настанот беше збогатен со забавна музичка програма во изведба на учениците, рачни изработки, како и празнични декорации создадени со љубов, велат од училиштето.
Собраните средства на настанот беа наменети за новогодишни пакетчиња кои ќе бидат подарени на дечиња од социјален ризик.