Skip to main content

Ученици засадија 700 дрвца над Горно Лакочереј

Преку ваквите активности, учениците не само што учат за значењето на заштитата на животната средина, туку и директно придонесуваат за позелена и поздрава иднина.
 |  инфодеск  | 

Ученици од програмата „Училишта без пластика“ спроведоа есенска акција за пошумување над Горно Лакочереј.

Во акцијата во организација на „Збогум Буково“ учествуваа ученици од охридските училишта ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, ООУ „Григор Прличев“, ООУ „Живко Чинго“ од село Велгошти и други училишта.

Учениците засадија вкупно 700 садници од бел бор, црн бор, јавор и даб, давајќи свој придонес кон пошумувањето и зачувувањето на животната средина.

Организаторите упатија благодарност до компаниите КОСТАЛ и „Жито Леб“ за поддршката на акцијата.

Инаку, 11 училишта од Охрид се дел од програмата „Училишта без пластика“, која се спроведува трета година по ред. Програмата има за цел создавање одржлив систем за селекција и собирање на отпадот, како и едукација на учениците за рециклирање, повторна употреба, намалување на отпадот и одржлив развој на заедницата.

gorno lakocerej