Skip to main content

Недостиг на основен наставен материјал

Учениците од прво до петто сè уште без учебници

Изминува првото полугодие учениците од прво до петто одделние сè уште немаат учебници. Наставниот процес се одвива со потешкотии, се копираат материјали или се испраќаат онлајн на фејсбук групи и пораки. Од министерството за образование велат доставувањето на учебниците се одвива согласно утврдената динамика.
 |  инфодеск  | 
Училница клупи

Иако се наближува крајот на првото полугодие од оваа учебна година, учениците и понатаму се соочуваат со недостиг од учебници. Состојбата е иста во речиси сите училишта во државата.

Минатата недела пристигнаа учебници само по предметите математика и македонски јазик и тоа само за четврто одделение. Дефицит на учебници има од прво до петто одделение, а од шесто до деветто се стари и дотраени.

Директорката на ОУ „Христо Узунов”, Марина Ѓоргоска, вели наидуваат на големи потешкотии поради недостиг на основниот наставен материјал, а сè уште не се знае кога точно ќе се испорачаат учебниците.

Наставниците се снаоѓаат, копираат и се трудат да ги извршат задолженијата што ги имаат кон учениците. Се надеваме како што најави министерот за образование дека во наредниот период треба да стигнат учебниците за нашите ученици, за да им се олесни воспитно образовниот процес – вели Марина Ѓоргоска, директорка на ОУ „Христо Узунов”.

Марина Ѓоргоска

Материјалите за учење учениците ги добиваат онлајн преку фејсбук групи или пораки, па сами се снаоѓаат кој може ќе ги испечати, други учат од компјутер или мобилен телефон.

Ние како директори не сме во можност ништо да направиме бидејќи не зависи ништо од нас. Тоа е од министерство за образование кога ќе ги достават и кога ќе стигнат ние одма ги доделуваме на нашите ученици – вели Ѓоргоска.

Иста ситуација е и во другите училишта во Охрид, вели градоначалникот Кирил Пецаков, кој прстот  го впери кон власта.

Ситуацијата е таква каква што е слика и прилика на она кое што СДСМ и оваа влада го води образованието веќе петта година по ред. Ако се сеќавате имаа една одлична идеја реформа која што помина катастрофално на јавна распарава во собрание во тие моменти бев и дел од собранието на Р Македонија како пратеник учевствував и ја гледав иако нешто е променето за разлика од тогаш од времето на министерката Мила Царовска, но треба сериозно да се вложува во образованието и посебно внимание да посветиме на најмладите – вели Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.

Кирил Пецаков

Пред неколку дена, од Министерството за образование и наука информираа дека доставувањето на учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение тече согласно предвидената динамика.

Новинар : Соња Рилковска