44 крвни единици собрани на крводарителската акција која вчера се спроведе во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во соработка со Службата за трансфузиона медицина-Охрид и Црвен крст Охрид.
За оваа крводарителската акција, којашто беше посветена на претстојното одбележување на нашиот патронен празник, беа собрани 44 крвни единици, што навистина е реткост и ОЕМУЦ уште еднаш се покажа како општествено-одговорна институција. Благодарност до учениците и наставниците од ОЕМУЦ за хуманоста.“ – порачаа од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
Од Црвен Крст Охрид упатија благодарност до професорите, вработените во службата и учениците кои станаа дел од големото семејство на крводарители.