Учениците од О.У. „Братство единство“ на настава од среда?
Советот на родители при ова училиште заедно со наставниците денес одржаа состанок на кој е одлучено да им се даде рок на локалната од 40 до 60 дена за да се санираат настанатите штети на овој објект.
Основците кои треба да посетуваат настава во централниот објект на основното училиште „Братство единство“,ќе почекаат на стартот на учебната година. Утрово родителите и децата останаа во училишниот двор додека екипа од Институтот за земјотресно инжињерство од Скопје вршеше увид на влезот во училишната зграда поради оштетувањата предизвикани од серијата земјотреси летово. Советот на родители при ова училиште им даде рок на надлежните да ја санираат штетата или да изнајдат алтернатива за одвивање на наставата.
„Од ИЗИИС не информираа дека потребно е да се направат уште некои работи, додека од страна на Локалната самоуправа односно од ЦУК не информираа дека се ќе биде направено како што треба. Ние сакаме да биде направено колку што е можно побрзо, и после состанокот со ИЗИС и со Локалната самоуправа донесовме одлука да им дадеме рок 45-60 дена да се заврши се тоа. Доколку рокот не се испочитува, сакаме да ни биде дадена алтернатива како ќе продолжи да се одвива наставата. Како совет на родители ние сме против децата да губат часови и сакаме да се најди начин наставата да продолжи.Доколку утре или задутре ни дадат гаранции дека ова со велзот ќе се заврши, ние како Совет на родители донесовме одлука уште утре да се продолжит со настава“ вели Емир Муфти – Претседател на совет на родители О.У. „Братство Единство“.
Инаку, централната зграда каде што е сместено ОУ „Братство и Единство“ е една од најстарите во градот изградена во далечната 1948-49-та година година. Главниот влез во централната училишна зграда е опасен заради напукнувања на носечкиот столб над влезот. Пропаднати се и надворешните скали кои водат до влезната врата. Посериозни оштетувања има и на фискултурната сала. Но тоа не значи дека зградата не е безбедна за одвивање на настава, велат од ИЗИИС, по направениот повторен увид на објектот утрово.
„Она што е прво и јасно после деталниот увид направен утрово од екипата на ИЗИС констатирано е дека иако ова училште е старо, тогаш кога е правено е правено да е безбедно и такво е и денеска. Ги поминавме учлниите на сите нивоа и нема ни почетни оштетувања на конструкцијата на школото што е многу важно да се каже дека овој земјотрес кој беше јак не направи на училиштето ни почетни оштетувања. Училиштето е безбедно сигруно и во него може да се одвива настава без никаков проблем“ потенцира Вероника Шендова – ИЗИИС.
Родителите видно револтирани бараа гаранции за безбедноста на нивните деца. Исто така бараа одговор зошто стручните лица дури денес на првиот училишен ден вршат увид врз објектот и зошто локалната самоуправа порано не реагирала да се санира влезот за да може училишната година да започне на време. Во име на локалната власт страстите ги смируваше заменик градоначалникот Ангел Јанев, кој побара трпение објаснувајќи ја постапката за санирање на штетите од земјотресите.
„До пред дваесетина дена се правеа материјалните пресметки за околу 850 објекти. Тоа помина на седница на Советот на Општина Охрид и сега е пред Влада на РМ. Во тие 850 објекти по препорака на ИЗИИС комисиите има задача да лоцираат објекти на кои треба да се одреди безбедноста. И поголемиот дел од објектите денес ќе бидат поминати“ објасни Ангел Јанев – Заменик градоначалник на Охрид.
Во меѓувреме училиштето распишало тендерска постапка за санација на штетите 40 дена по земјотресите. Комисијата за проценка на штети при увидот во школото констатирала материјална штета во висина од околу 750.000 денари. Но, сега најпрво ќе се санираат штетите кои се најприоритетни во висина од околу 455.000 денари. Од Советот на родители велат дека најверојатно ни утре децата нема да посетуваат настава во училишната зграда. Загубените часови од наставата ќе бидат дополнително одржани.