Skip to main content

Учениците од здравствената струка во „Св.Кирил и Методиј“ по дел од предметите сеуште не добиле учебници

Проблемот велат е што одделот за учебници во Министерството за образование сеуште не издало нови учебници за овие струки.

 |  Мишел Наумоски  | 
ekonomsko

Учениците од медицинската струка во средното стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“ наместо од учебници по дел од предметите во струката учат од своите тетратки. Директорката на училиштето, Славица Костоска вели дека за стручните предмети и во двете струки се издадени учебници по скоро сите предмети, но потврдува дека за дел од предметите сеуште немаат добиено учебници. Костоска проблемот го лоцира во Одделот за издавање на учебници при Министерството за образование кој според неа сеуште нема издадено нови учебници. Таа вели дека наместо да се усовршуваат наставните единици и истите да бидат елаборирани од страна на предметните наставници, се губи време со неатрактивниот метод на диктирање на наставниот материјал.

ucebnici ekonomsko„Модерната настава не дозволува диктирање секој час. Затоа сторивме напори, се обидовме на сметка на училиштето да извршиме фотокопирање на материјалите кои предметните наставници кажаа дека одговараат на наставните содржини, на учебници кои во други средни стручни училишта како нашите со здравствена струка се користат, на сметка на училиштето, фотокопиравме неколку во фаза на фотокопирање сме на уште неколку така да учениците до крајот на овој месец еве уште оваа недела ќе бидат снабдени со сите учебници.“-вели директорката на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“, Славица Костоска.

Костоска вели дека по дел од предметите пак им фалат учебници и поради тоа што на почетокот од функционирањето на здравствената струка, во училиштето паралелката броела само дваесет ученици, а сега истата има максимален дозволен број од 34 ученици. Со оглед пак на големиот интерес за здравствената струка за која постои само една паралелка во ова училиште, директорката најави опсежни анализи како би се увидела можноста за проширување на бројот на паралелки и стручни профили.

ucebnici zdravstvena struka„Некаде напролет ќе ги имаме првичните резултати и ќе имаме отпочнување на постапка за проширување на верификацијата, дали уште една паралелка од медицинската струка, дали во економско правно трговската струка бидејќи имаме само профил економски техничар, барање на нови профили, бидејќи во можностите ни се нудат деловен секретар, банкарски техничар, правна насока така да имаме повеќе можности ама кажав анализата поточно ќе ни каже во која насока да ги насочиме нашите напори.“-рече Костоска.

Што се однесува пак до праксата на учениците од здравствената струка, директорката најави дека со истата, годинава ќе се започне многу побрзо отколку лани. Најави дека веќе од наредната недела учениците ќе започнат со практична настава, а за таа цел редовно контактираат со јавната здравствена установа „Општа болница“ како би се вработило лице со профилот виша медицинска сестра кое би водело сметка само за учениците.