Учениците спремни не само за виртуелен туку и реален бизнис
Учениците од економската насока при ОСУ Св Климент Охридски одржаа саем на виртуелни компании.
Учениците од економската насока при ОСУ Св Климент Охридски одржаа саем на виртуелни компании. На инвентивен начин ги покажаа своите бизнис идеи од областа на претримништвото. Досегашното стекнато знаење , но и надградбата со помош на професорите ментори им влеваат храброст дека успехот понатака нема да биде само виртуелен туку и реален.
„ Со самото избирање на економското училиште ние сме подготвени во иднина не само виртуелно туку и реално да отвориме наши компании“, нагласуваат учениците кои учествуваа со штандови на саемското преставување.
Саемот на виртуелни компании за отворен го прогласи претседателот на општинскиот Совет, д-р Гордана Коњановска. Во пораката Коњановска ги потсети учениците на еден многу важен сегмент од животот.
„ Образованието да го сфатат како дел од патот за подготовка во нивниот реален живот. Им посакав успехот, среќата и задоволството да ги бараат и додека го одат патот кон успехот и профитот. Да не се фокусираат само на крајната цел и на профитот туку да наоѓаат задоволство и по патот и создавањето на своите идни компании“.
Саемот на виртуелни компании во ОСУ Св. Климент Охридски се одржува по четврти пат и преминува во традиција. Учениците од економското училиште ги покажуваат знаењата и вештините стекнати по предметот Практична настава. Овој пат им се приклучија и учениците од гимназија со една виртуелна компанија од областа на здрава храна. Учениците и професорите ги поздрави директорот на ОСУ„Св. Климент Охридски“, Наум Рилкоски.
„ Сакам да искажам благодарност до учениците и менторите, наши професори, кои вложија огромен труд, напор и ентузијазам кон она што го работат со години наназад, од виртуелно да го претворат во реално, и во иднина да бидат успешни бизнис претприемачи во сите сфери“.
На денешниот саем беа изложени 6 штандови на виртуелни компании од различни дејности. Се нудеа производи од компир и слаткарство до вино и забава. Во подготовките на виртуелните компании учествуваа околу 100-ина ученици од економските и гимназиските паралелки со поддршка на професорите Весна Карадимче, Војо Илоски и Јасминка Иваноска.
{loadposition content9}