Skip to main content

Учењето од далечина се применува и во основното музичко училиште Методи Патче

Овој начин на совладување на наставните содржини  и  вежбањето на композиции на инструментите бара поголем ангажман  и од учениците и од наставниците. Директорката на музичкото школо е задоволна од досегашиот тек на  реализација на наставата.  

 |  Валентина Неловска  | 

Далечинско учење се применува во совладување на теоријата и инструменталните композиции и во основното музичко училиште Методи Патче. Реализацијата на специфичната настава во музичкото школо бара поинтенивен ангажман и од учениците и од предметните професори преку примена на он-лајн настава, инфомира Емилија Маринова, директор на ОУ Методи Патче. Наставата е специфична бидејќи покрај групната се изведува и индивидулна настава по неколку инструменти, вели Маринова, но задоволно додава дека досега успешно се совладува наставната содржина.

„Тешко е од далечина на учениците да им се објаснат повеќе работи од став на седење, држење на рацете, некои техники и проблеми во композицијата, но не е невозможно. Ние одржуваме директни онлине часови, но и се снимаме со снимки и ги праќаме до учениците во овој период“, кажува Маринова.


Соработката со учениците во совладување на специфичниот наставен процес е на високо ниво.   Соработуваат и успешно ги  совладуваат наставните содржини. Искуството покажува дека сепак потешко е да се работи со учениците почетници, напоменува Маринова.

„Со помалите е потешко да се работи затоа што во прва и втора година работиме на став, на седење и држење на децата. Тоа потешко може да им го објасниме како треба да биде. Со повозрсните сме го надминале тоа и работиме на музицирање на повисоко ниво и полесно е да им објасниме немаме проблем со повозрасните“, кажува Маринова.

Во охридското музичко училиште има многу талентирани ученици и во оваа учебна година, настава посетуваат 317 ученици од 1 до 9 одделение. Во зависност од избраниот инструмент кој го изчуваат наставата трае од 6 до 9 години, а околу 20 тина професори држат часови по инструментите клавир, виолина, хармоника, флејта, кларинет и гитара. Многу од учениците по завршувањето на основното продолжуваат во средните музички училишта во Струга, Битола и Скопје, информира Емилија Маринова директор на ОМУ Методи Патче.