Skip to main content

Свечено одбележан првиот училишен ден вo ОУ„Св. Климент Охридски“

И на првачињата во ОУ „Св. Климент Охридски“ Охрид овој ден ќе им остане засекогаш во нивните сеќавања како ден кога првпат заиграле, нацртале и обоиле, а најважно од сè се дружеле со своите врсници во училишниот двор.

 |  Јаковлева Лионела  | 
климент
kliment

Со искрени желби за многу здравје и успех во учењето, првачињата и сите присутни ги поздрави директорот на училиштето Јордан Пуроски. klimentНиз низа активности, забава и смеа успешно ги водеше познатиот аниматор Ивица Маринковиќ- познат како Ивце Пивце.

Учениците го нанижаа охридското ѓерданче од бисери испишани со нивните имиња и оставија траен печат во училиштето  од првиот училиштен ден.

Програмата која ја подготвија четвртооделенците со нивните наставнички Валентина Кузманоска и Виолета Илиевска, ја помогнаа и наставниците Павлина Климеска, Катерина Пецакова и Бобан Гаврилоски, а ја збогатија „Распеаните ѓерданчиња“ членови на КУД Ѓердан- ученици во ОУ „Св. Климент Охридски„ Охрид.

{loadposition content9}